top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Еден од најдобрите играчи на Полска шокиран од Мбапе: Тој е вонземјанин

Полска делуваше доста постабилно и поорганизирано на натпреварот против Франција во осминафиналето на Светското првенство, но сепак избраниците на Михниевиќ не најдоа лек за супер расположениот Килијан Мбапе кој практично сам го реши мечот.

Големата француска ѕвезда најпрво асистираше до Жиру за предност од 1:0, а потоа во второто полувреме со два брилијантни удари на двапати се запиша во листата на стрелците и ги „спакув“ Полјаците од мундијалот во Катар.

Килијан стигна до својот петти гол на ова Светско првенство и само уште еднаш покажа дека е посебно инспириран на мундијалите, но покрај пофалбите од сите соиграчи и домашната јавност, му се поклони и еден од противниците.

Пјотр Зиелински како еден од најдобрите играчи во полскиот тим имаше само пофалби за неверојатниот Мбапе, кој тој го нарече вонземјанин поради тоа што вчера го понуди на теренот.

– Мбапе е вонземјанин. Тој е еден од најдобрите во светот, ако не е и најдобар во овој момент. Добро го познавав од тоа што сум го гледал, но успеа да ме импресионира на теренот. Неговиот удар, неговата брзина, неговиот дриблинг не оставаат никого рамнодушен. Иако може да промаши, веднаш се враќа и повторно е тука. Има огромна разлика кога го гледате на телевизија и кога е на неколку метри од вас. На теренот изгледа уште понезадржлив, – изјави Зиелински.


1 view

Comments


bottom of page