top of page

Еден ден по отказот, Руни пред тренерски ангажман во Англија

Вејн Руни вчера заработи отказ од Ди-Си Јунајтед откако тимот не се пласираше во МЛС плејофот, но само еден ден подоцна, се погласни се вестите дека легендата на Манчестер Јунајтед е пред враќање во Англија.

Руни веќе неколку години е дел од тренерскиот занает и Америка беше прва негова интернационална авантура, меѓутоа последните вести велат дека незаборавниот голгетер сега е пред ангажман во Бирмингем.

Вејн работеше во Чемпионшип и доста долго го водеше Дерби пред да замине во МЛС лигата, а последните информации од Островот велат дека тој започнал преговори за преземање на тимот кој ова утро остана без менаџер.

Бирмингем ја извести јавноста дека е дојдено до разделба со Џон Јустис, па Руни би требало да го замени и да почне со тренинзите на првиот тим за време на оваа репрезентативна пауза.

Руни работеше во Дерби до 2022-ра година, а во Бирмингем би имал цел да го однесе тимот во Премиер лигата со оглед на тоа што „сините“ во овој момент се на шестото место на табелата.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page