Ед Ширан триумфира на Ем-ти-ви ЕМА наградите
Updated: Nov 16, 2021
15.11.2021 Noemvri Ponedelnik
Британскиот пејач-текстописец Ед Ширан ја освои главната награда најдобар уметник и најдобра песна за Bad Habits, додека јужнокорејскиот поп-бенд „БТС“ однесе четири статуетки на Европските музички награди на Ем-ти-ви (ЕМА) во неделата вечерта, церемонија која годинава се врати како настан во живо по виртуелното издание во 2020 година, во екот на пандемијата. „Ем-ти-ви“ претходно соопшти дека свеченото доделување на ЕМА-наградите, чиј домаќин беше Будимпешта, ќе се одржи на таа локација со цел да се покаже солидарност со унгарската ЛГБТК + заедница по јунскиот закон со кој се забранува „прикажување и промоција на хомосексуалност“ меѓу помлади од 18 години. „ЕМА 2021, одржани во спортската арена Пап Ласло Будимпешта, ќе бидат глобална прослава на музиката за целата публика ширум светот,“ се наведува во соопштениео на Ем-ти-ви. Ким Петрас, прв трансродов изведувач на европските музички награди, изјави на црвениот тепих: „Толку сум возбудена, многу сум им благодарна на Ем-ти-ви. Мислам дека цензурата на кој било вид љубов е лоша, а ова е некаков став против цензура.“ Некои геј парови кои пристигнаа на шоуто се бакнуваа на црвениот тепих, а други беа облечени во облека во боја на виножито во знак на поддршка за ЛГБТК + луѓето.
コメント