top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ед Ширан: Случајот за авторски права беше за чесност, а не за пари

Updated: Apr 12, 2022

08.04.2022 April Petok

Ед Ширан вели дека неодамнешниот судски спор за авторски права за една од неговите песни не бил за пари, туку за чесност и залагање за она што е правилно. Во интервју за „Њусрајт“ на „Би-би-си два“, британскиот пејач и текстописец изјави дека немал друг избор освен да го брани своето дело на суд. За да се заштити од идните вакви тврдења, како тоа на Семи Чокри, Ширан отсега натаму ќе ги снима сите сесии кога пишува песни и кога создава нова музика. Судијата во средата одлучи дека Ширан не ја плагирал песната Oh Why на Семи Чокри. Опишувајќи го судскиот случај како долг и непријатен за сите инволвирани, Ширан рече: „Немав друг избор освен да се борам против тужбата“. „Можете да добиете пресуда или спогодба, и кога знаете дека сте во право, тогаш не можете да се спогодувате само од принцип.“ „Нашите хонорари (моите и на коавторите на песната) ни беа замрзнати и ни беа дадени две опции и ја избравме опцијата која е поважна за нас.“


1 view

Comments


bottom of page