top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ед Ширан одржа бесплатен концерт во родниот град

Ед Ширан ги воодушеви своите фанови во родниот град Ипсвич. Британскиот музичар се искачил по скалите на Градското собрание и почнал импровизиран концерт. Тој претходно купил гитара во локална продавница, ја свирел и му ја подарил на десетгодишно момче, пренесува „Дејли мејл“. Големата британска ѕвезда свирката ја најави на својот инстаграм-профил, каде што напиша: „Ќе одам на главната улица на Ипсвич, веднаш до градското собрание и ќе одржам бесплатен концерт за сите во Ипсвич“. Да потсетиме, Ширан минатата недела настапи бесплатно на „Октоберфест“ во Франкфурт, по што неговата кригла беше продадена за две илјади евра. Неколку луѓе, кои биле на концертот на Ширан во Ипсвич, дадоа изјави за „Мејл онлајн“: „Одличен мини настап на Ед Ширан во Ипсвич. Неговиот роден град. Само што се појави во нашето градско собрание, откако купил гитара од локална продавница“, рече еден.Еден скромен човек доаѓа во Ипсвич и ни свири неколку фантастични хитови, и на крајот ја дава својата гитара на 10-годишен гитарист. Фала, Ед“, додаде друг.


1 view

Comments


bottom of page