Ед Ширан и Камила Кабело ќе настапат на добротворниот концерт за Украина
- Aleksandar Santovski
- Mar 22, 2022
- 1 min read
Камила Кабело, Ед Ширан и „Сноу Патрол“ ќе настапат на „Концертот за Украина“ следниот вторник, кој ќе се емитува на Ај-ти-ви и Ес-ти-ви. Емели Санде, Беки Хил, Грегори Портер и Шик исто така се на списокот, а во меѓувреме се очекува и други да го потврдат своето учество. Билетите за настанот ќе бидат пуштени во онлајн продажба денес, 22 март, а концертот ќе се одржи во Бирмингем во вторник на 29 март. „Моето срце е скршено за народот на Украина“, изјави Кабело. „Сите имаме одговорност да помогнеме“. Концертот ќе го води Ема Бантон (од „Спајс грлс“), заедно со Марвин Хјумс и Ронан Кемп, а ќе учествуваат и The Manic Street Preachers и Том Одел. Приходите од концертот ќе бидат наменети на хуманитарниот апел на украинскиот комитет за вонредни ситуации , кој обезбедува храна, вода, засолниште и медицинска помош за раселените лица во Украина и бегалците во соседните земји.


Comments