top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Египет гради „паметен град“ во пустината за 6,5 милиони жители

Updated: Sep 23, 2021

22.09.2021 Septemvri Sreda

Египет гради „паметен град“ во пустината што ќе стане нов административен центар на оваа земја и ќе биде дом на 6,5 милиони жители.

„Паметниот град“ се смета за решение за зголемување на популацијата во Египет, чие население расте за два милиони годишно. До 2050 година, населението во Египет ќе биде 150 милиони луѓе, додека тој број денес изнесува околу 100 милиони луѓе. Каиро веќе има премногу жители, па новиот град ќе треба да ѝ понуди место на новата популација за живеење.

Новиот главен град ќе се гради на површина од 700 квадратни километри, а неговата изградба ќе чини меѓу 45 и 58 милијарди долари. Ќе се наоѓа на 35 километри источно од Каиро и ќе го има најголемиот аеродром во земјата, најголемата кула во Африка, најголемата оперска куќа на Блискиот Исток, забавна област од 20 милијарди долари, огромен градски парк, нова зграда на парламентот и претседателска палата.

Владата има намера да ги премести своите 34 министерства во новиот главен град до јуни следната година. Тоа ќе биде првиот „паметен град“ во Египет, а овој проект исто така наиде на критики во време на инфлација и невработеност.


3 views

Comentários


bottom of page