top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Егзит“ пред почетокот на едно од своите најдобри изданија

Еден од водечките светски фестивали и убедливо најголем во регионов, „Егзит“ ја заврши целокупната програма, заокружувајќи едно од своите најдобри изданија. Силата на новосадскиот фестивал лежи како во водечките светски ѕвезди така и во неговата музичка разновидност, за која важен придонес дава целата низа на помали бини и зони. За разлика од повеќето други големи европски манифестации, многубројните бини на „Егзит“ се еклектичен мултижанровски спој, во кој се наоѓаат речиси сите современи музички правци, од најголемите глобални хитови до електронската андерграунд-музика, од класичен рок-звук до жестоки хевиметал и панк-рифови, од олдскул хипхоп до трап, драменбејс, реге, латино и светска етномузика.

Први меѓу најдобрите што од 7 до 10 јули ќе зачекорат на Петроварадинската тврдина се Калвин Харис, Ник Кејв и „Бед сидс“, Иги Азалиа, Џејмс Артур, Маскд Вулф, Зу, Сепултура, Масео Плекс, Хани Дижон, Борис Брејча, Стефан Бодзин, АРТБАТ, Денис Султа, Диџеј Тенис, Анфиса Летјаго, Марки Рамон, „Напалм дет“, „Експлоитед“, „Блајнд чанел“, Адам Бејер б2б Енрико Сангилиано, Дакс Џеј, Сама’ Абдулади, како и силната регионална екипа, која ја предводат Кирил Џајковски, Констракта, Сенида, „Прти Бе Ге“, Марчело, „Бркови“, „Артан Лили“, „Параф“, Кило Кило, Мими Мерцедес, „Деца лоших музичара“, а ним им се придружуваат уште стотина други.

Актуелните цени на влезниците за годинашниот „Егзит“, поради огромниот интерес и побарувачка, ќе важат најдоцна до петок, 24 јуни, до крајот на денот, а во Македонија се достапни за купување преку „МК тикетс“.


3 views

Comments


bottom of page