top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Евтим Христо Манов – заборавениот зограф од Галичник

Знаменитостите на Македонија

Меѓу генерацијата зографи што кон крајот на седмата деценија од 19 век работеле во црквите низ Македонија се бележи и името на зографот Евтим Христо Манов од селото Галичник. Тој ги насликал седумте престолни икони за црквата „Св. Спас“, високо над селото Нерези (Струшко), а на една од иконите ги ставил и својот потпис и годината на сликање, 1869 година. Во селото Нерези постои црква што е посветена на Христовото вознесение. Конкретно станува збор за мала еднокорабна црква, со мала тркалезна апсида на источната страна, и две вдлабнати ниши, издвоени за проскомодија и ѓаконикон. Градена е од делкан камен, без декорација на фасадите и апсидата. Во споменатото село постои и постара црква посветена на Св. Ѓорѓија, изградена или обновена во 1832 година. Краток запис со годината и патронот на црквата е издлабен на една камена плоча, која денеска е дислоцирана од своето место и се чува во близината на црквата. Меѓутоа, во поново време црквата е речиси целосно обновена со нов иконостас и, за жал, првобитната просторна концепција на црквата и декорацијата на иконостасот сe тешко воочливи. За црквата „Св. Спас“ над селото Нерези постои кратката белешка на иконописецот Евтим Манов, за сликање на иконите во 1869 година. Според проф. д-р Сашо Цветковски од истражувачки центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, ова значи дека црквата неколку години пред тоа, кон средината на седмата деценија на 19 век, била изградена, a со самото сликање на иконите осветена со можност за остварување литургиски и култни потреби на верниците. Ha едноставниот дрвен иконостас, кој е од поново време, поставени ce исклучиво престолни икони. Надиконостасниот крст е исто така од поново време. Седумте престолни икони ce на Ефтим Манов, a едната, онаа на која е претставен Св. Ѓеорѓија на коњ како ja убива аждајата, е на зографот Серафим од селото Тресонче од 1888 година. До царските двери, од јужната страна, на своето вообичаено место произлезено од симболиката на иконостасот и неговата литургиско-догматска конципираност е иконата на Исус Христос Седржител. Претставен како допојасна фигура, во црвен хитон и темносина наметка, химатион и бела лента во облик на појас под градите. Со десната високо крената рака благословува, a во левата носи палмово гранче и ja придржува сферата, која, всушност, ja означува вселената со многу златни ѕвезди. Сферата е поставена на отворено евангелие, посочува проф. д-р Цветковски.

До иконата на Христос е поставена иконата на Св. Јован Претеча ангел и кефалофорос. Тој е насликан со раширени крилја, во својот црвеникав мелот од кожа на камила и долга зелена наметка стегната околу појасот. Со десната рака благословува, a во левата ja носи чинијата со отсечената глава и долгиот крст. Во продолжение, меѓу престолните икони е насликана иконата на Св. Василиј Велики, во раскошна архијерејска одежда, темносин стихар, на кој е прикачен надбедреникот од десната страна, црвен фелон опточен со златен паспул по рабовите, богато декориран омофор околу вратот и на градите. На главата носи архијерејска митра и тркалезна панагија со претстава на светиот дух на градите. На вратите што водат во протезисот на црквата е поставена иконата на архангелот Михаил, кој е насликан во цел раст, панцирна кошула, кратка туника и долга црвена наметка. – Иконата е всушност со ист формат и големина како другите престолни икони, иако во периодот на 19 век, речиси редовно вратите што водат кон протезисот ce сликаат со икони од голем формат со претстава на архангелот како му ja вади душата на богатиот. Но овде е преферирана поинаква концепција, која сосема успешно е остварена. Иконата на архангелот претставува најдобро остварување на зографот Ефтим Манов – вели проф. д-р Сашо Цветковски од истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“. На крајниот северен дел од иконостасот е поставена иконата на Св. Димитрија на коњ како го убива царот Калојан. Во средишниот дел на иконата е насликан светецот на коњ, кој со копјето го прободува Калојан во главата. Пред светецот ce распознаваат делови од градот Солун, a во горниот дел носен на облаци е ангелот, кој со испружени раце на Св. Димитрија му предава маченички венец.


– Забележително е што не е претставена епизодата со епископот Василиј, кој во иконописот од доцниот среден век, a особено во времето на 19 век, речиси секогаш ce слика како едно од постхумните чуда на светецот. Оваа епизода ce препорачува и во сликарските прирачници, Ерминиите, како на Дионисиј Фурнографски, така и во ерминијата на Дичо Зограф. Ho по cѐ изгледа дека зографот Ефтим Манов преферирал поинакви иконографски обрасци – посочува проф. д-р Цветковски. И неговиот стил, кој на прв поглед покажува рафинираност и мекост во сликарската постапка, со внимателно набљудување покажува одредена двојност во пристапот кон сликањето на ликовите на светците. Ликовите на младите светци, како ликот на Богородица и малиот Христос, но особено ликот на архангелот Михаил ce многу деликатно и успешно сликани со едно посебно чувство за мекост и пластичност. Но ликовите на постарите светци, како што се ликовите на Јован Претеча, Василиј Велики и во одредена мера Христовиот лик, ce предадени со сурова и груба физиономија, со нагласени и длабоки набори на ликовите, така што изгледаат многу рустично и ориентално. Гледано во целина, иконостасот на зографот Ефтим во црквата „Св. Спас“ во селото Нерези, е успешно остварена целина на зограф што добро ги совладал поуките на занаетот, со посебен афинитет кон колоритот и композициската целовитост. – По завршување на работата врз иконостасот на оваа црква, тој по cѐ изгледа ja напушта струшката област. Негови потпишани дела, освен овие од Нерези немаме пронајдено и идентификувано во црквите од струшкиот крај. Интересно е што и добриот познавач на родовите и генеологијата на мијачките зографи од 19 век, Асен Василиев, не дава основа за некое посигурно поврзување на овој зограф со родовите и сликарските фамилии од Галичник – вели проф. д-р Сашо Цветковски.

Фото Кирил Симеоновски

Дека станува збор за фамилија зографи што подолго време го работеле зографскиот занает, можеби во неколку генерации, на извесен начин ни открива нашата идентификација на две икони од црквата „Св. Никола“ во Вевчани потпишани од зограф што има идентично семејно презиме и кој исто така потекнувал од Галичник, Христо Манов(ич), посочува проф. д-р Цветковски. Според него, тоа ce иконите на Св. Никола сигниран со епитет Чудотворец, едната денес чувана во олтарот на црквата во Вевчани, потпишана: Христо Манович од село Галичник 1858 година. Втората икона денеска ce наоѓа на галеријата над припратата, каде што всушност ce депонирани мноштво икони, пред cѐ донесувани од повеќе денес непостојни цркви во Вевчани. На оваа икона што е со поголеми димензии ce насликани во цел раст претставите на Св. Сава Освештени, монах со препознатлива типологија на ликот, кратка бела коса и брада поделена во два долги прамена – дела. Носи монашка одежда мантија аналаф и наметка и во едната рака држи отворен свиток. – Не можеме со сигурност да кажеме за кого, односно каква врска може да ce постави меѓу двата зографа што ce потпишуваат со исто презиме, Манович, a ги дели нешто повеќе од деценија. Можеби двајцата зографи ce син и татко, кои во неколку генерации го работеле зографскиот занает, бидејќи зографот Ефтим, кој ги слика иконите во црквата од Нерези, како средно име го употребува Христо, Ефтим Христо Манович – посочува проф. д-р Цветковски. Д.Ст.




1 view

Commentaires


bottom of page