top of page

Европските навивачи ја обвинуваат ФИФА за високи цени на билетите за Мундијалот

25.03.2026 Mart Sreda

Европското здружение на навивачи поднесе жалба до Европската комисија против Светската фудбалска организација (ФИФА), обвинувајќи ја за неправедни практики поврзани со организацијата на Мундијалот кој ќе се одржи годинава. 

Според навивачите, ФИФА ја злоупотребува својата доминантна позиција, особено кога станува збор за продажбата на билети и условите под кои тие се нудат. Тие тврдат дека цените се превисоки и дека системот не е транспарентен, што ги става навивачите во нерамноправна положба.

Во жалбата се наведува дека ваквото однесување не би било можно во услови на вистинска конкуренција, па затоа бараат реакција од европските институции.

Овој потег доаѓа во време на зголемено незадоволство меѓу фудбалските фанови ширум Европа, кои сметаат дека сè повеќе се става акцент на комерцијалните интереси, на сметка на навивачите и традицијата на спортот.

Иако ФИФА најави дека ќе „замрзне“ дел од цените за претстојното Светско првенство, сепак, дел од навивачите на стариот континет сметаат дека тие се високи и најавуваат бојкот на натпреварите кои ќе се одржуваат во САД, Канада и Мексико. 


 
 
 

Comments


bottom of page