Евролигашите донесоа одлука: Руските тимови ќе бидат домаќини на неутрален терен
о текот на вчерашниот ден беа одложени сите мечеви во Евролигата на кои требаше да играат руските тимови за да денеска сите 18 клубови одржат состанок и донесе одлуки кои дојдоа како одговор на последите случувања во Украина.
На состанокот е одлучено сите руски екипи своите мечеви како домаќини да ги играат на неутрален терен надвор од Русија. Останатите одлуки се дека сите останати закажани мечеви (надвор од руска територија) ќе се играат според распоредот, плус одложен е натпреварот кој во недела во Москва требаа да го играат ЦСКА и Барселона.
Во соопштението се наведува дека Евролигата ќе анализира различни опции за спроведување на одлуките и ќе го претстави планот пред извршниот одбор.
Воедно одлуките ќе им бидат претставени на клубовите од Еврокупот пред натпреварите следната недела и се очекува да важат и за тоа натпреварување.
Comments