Евролигата ги одреди казните за „тепачите“ од Мадрид, Јабуселе доби најголема суспензија (Фото)
Играчите на Реал Мадрид и Партизан го покажаа најлошото лице на кошарката на дуелот во шпанската престолнина и режираа неверојатен хаос на теренот, поради кој Евролигата мораше да го состане дисциплинското тело и брзо да додели санкции за тепачите во „ВиЗинк центарот“.
Најелитното кошаркарско натпреварување во Европа брзо донесе одлука околу казните за Реал Мадрид и Партизан, но покрај клубовите кои се казнети со по 50 илјади евра, има и индивидуални суспензии.
Гершон Јабуселе го режираше најбруталниот потег и со боречки зафат му нанесе повреда на Егзум, а поради својот чин, мина со најголема казна и е суспендиран на пет меча во Евролигата.
Независното дисциплинско тело потенцира дека играчите кои биле дел од тепачката го прекршиле члено 29.1 од дисциплинскиот кодекс, па поради тоа, со два меча суспензија мина и Кевин Пантер.
Габриел Дек од Реал Мадрид е суспендиран со еден меч, а исто мина и Матијас Лесор од Партизан.
Comments