Евровизискиот трофеј продаден, со парите ќе се купат дронови за Украина
Калуш оркестра“, украинскиот бенд кој победи на овогодишниот Избор за песна на Евровизија, го продаде својот трофеј за 900.000 долари (838.000 евра) за да собере пари за војната во Украина.
Кристалниот микрофон беше ставен на аукција на Фејсбук, со цел да се купат дронови за украинската војска, пренесоа светските медиуми.
Продажбата се совпадна со појавувањето на бендот на хуманитарен концерт на берлинската Бранденбуршка порта.
Целта беше да се соберат пари за медицинска нега и залихи.
Говорејќи на концертот, Олех Псуик, член на бендот, апелираше луѓето да не се навикнуваат на војната, во која според ОН загинаа најмалку 4.031 цивили, а 4.735 беа повредени, заедно со непознат број борци. Војната принуди повеќе од 14 милиони луѓе да ги напуштат своите домови по руската инвазијата на 24 февруари, пишува британски Би-би-си.
Comments