top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Евра за новиот „шеф“ во Јунајтед: Сега тој е главен играч, тоа е она…

Патрис Евра е еден од поранешните играчи кој е гласен и конкретен кога е во прашање Манчестер Јунајтед, тимот во кој ги мина најубавите години од неговата кариера.

„Црвените ѓаволи“ и во оваа сезона имаа турбулентен период и тоа пред се поради Кристијано Роналдо кој направи вистински земјотрес по интервјуто со Пирс Морган на кое „испука“ се што му лежи на срце. Потоа клубот ја раскина соработката со него, односно Јунајтед отвори еден нов лист во кој успеа да запише две победи, прво против Барнли во Лига Купот, а вчера против Нотингем Форест во Премиер лигата.

Според Евра сега Јунајтед има нов лидер по заминувањето на Роналдо и тоа старо-нов затоа што според него Бруно Фернандеш сега ќе го има главниот збор на теренот.

-Бруно Фернандеш мора да биде главниот човек и можете да почувствувате дека сега кога Роналдо повеќе не е тука, тој повторно е шеф. Тој ги изведува слободните удари, ги изведува корнерите и жал ми е, ама тоа му е потребно на Фернандеш, -вели Евра кој се потсети на еден разговор кој го имал со Бруно во текот на ова сезона во однос на тоа дали Роналдо му претставувал пречка.

-Се сеќавам кога разговарав со него после натпревар и тој не сакаше т0а да го каже тоа, бидејќи ќе беше како „не можам да играм со секој играч“, ама не можете да имате двајца готвачи како што се вели на француски, и тоа се случи, па не ме чуди настапот на Бруно Фернандеш, -заклучи Патрис.


1 view

Comments


bottom of page