top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Евертон доби нова казна и се приближи до опасната зона

08.04.2024 April Ponedelnik

Евертон денеска заработи нова казна поради прекршувањата на правилата на финансискиот фер плај и се приближи до опасната зона во англиската Премиер лига.

Независната комисија која одлучува за овие случаи пресметала дека Евертон ги надминал дозволените трошоци за 16,6 милиони фунти за периодот од последните три години заклучно со финансиската година 2022/23, поради што клубот од Ливерпул остана без два бода на табелата.

Тоа значи дека избраниците на Шон Дајч паднаа на 16. место на табелата и се само два бода над опасната зона на табелата во елитната англиска фудбалска лига.

Претходно, Евертон беше казнет со одземање десет бодови со надминување на дозволената загуба заклучно со финансиската година 2021/22, а по жалбата, казната беше намалена на шест бодови.

Два бода помалку на табелата (25) сега имаат Нотингем и Лутон, додека Барнли и Шефилд Јунајтед се на дното со 19 и 15 бодови.


0 views

Comments


bottom of page