Search
Ева Мендес навести враќање на актерската сцена
Ева Мендес откри дека можеби ќе се врати на актерството по долгата пауза, но само ако го добие вистинскиот проект. Атрактивната Кубанка (48) во текот на гостувањето во The View рече дека се откажала од актерството за да биде со своите ќерки Есмералда (7) и Амада (5), кои ги има со сопругот Рајан Гослинг (41). Ководителката на ток-шоуто, Вупи Голдберг, ја праша какви улоги би прифатила доколку се врати на големиот екран. Ѕвездата на Training Day ги отфрли филмовите со насилството и жешки сцени. „Не сакам да глумам во филмови со насилство, не сакам секс-сцени“, рече Ева додавајќи дека има кус список за тоа какви улоги би прифатила.
Comments