top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ева Лонгорија откри дека е во сродство со познатата оскаровка

12.07.2024 Juli Petok

Изгледа дека се случи некој вид семејно обединување на снимањето на четвртата сезона од „Само убиства во зградата“. Ева Лонгорија и Мерил Стрип глумат во новата сезона на серијата, а ѕвездата на „Домаќинки“ неодамна откри дека, всушност, е во роднинска врска со познатата оскаровка.– Мерил и јас сме роднини. И двете направивме ДНК-тест во шоуто на д-р Гејтс и дознавме дека имаме заеднички роднина – изјави Лонгорија за „Екстра“, мислејќи на документарната серија на Хенри Луис Гејтс Јуниор, во која многу познати личности ги откриваат своите корени.

Ѕвездата на „Домаќинки“ откри и како е да се работи со Мерил на серијата „Само убиства во зградата“.– Беше навистина, навистина забавно и се викавме – роднино – рече таа.

На снимањето, Стрип ја претстави Лонгорија како своја роднина.– Таа ја раскажа приказната и сите беа збунети бидејќи јас сум латино, а таа е – Мерил Стрип – изјави Лонгорија.


1 view

Comments


bottom of page