top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ева Лонгорија во патописна серија

20.12.2021 Dekemvri Ponedelnik

Ева Лонгорија (46) откри дека е возбудена што ќе биде дел од тимот на претстојната документарна серија „Во потрага по Мексико“.

Таа ќе глуми и ќе биде меѓу продуцентите на серијата од шест епизоди, која ќе биде премиерно прикажана во 2022 година на „Си-ен-ен плус“.

Актерката, која може да се пофали со 22,4 милиони следачи на социјалните мрежи, се огласи во средата.

– Тајната е откриена. Толку сум возбудена што ова ќе започне следната година. Голема благодарност до Стенли Тучи што ја постави лентата – напиша таа на својот профил.

Ева алудира на „Стенли Тучи: Во потрага по Италија“, документарна серија на Си-ен-ен за италијанската кујна, со 61-годишниот кандидат за „оскар“, а кој е и извршен продуцент на новиот проект „Во потрага по Мексико“.


3 views

Comentários


bottom of page