top of page

Ева Величковска ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис на светот во Виетнам

07.08.2026 Avgust Petok

Дваесетгодишната Ева Величковска од Скопје ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис на светот 2026, кој годинава ќе се одржи во Виетнам, објави организацијата „Мис Македонија“, носител на лиценцата за националниот избор.

„Патот до Мис на светот 2026 започнува. Со гордост ја најавуваме нашата претставничка, Ева Величковска, која ќе ја претставува Македонија на најпрестижниот светски избор за убавина“, објавија од „Мис Македонија“

Величковска е студентка на Славјанскиот универзитет во Скопје и годинава ќе ја наследи Чарна Невзати, која лани ја претставуваше Македонија на светскиот избор за Мис во Хајдерабад, Индија. Јавноста ја памети по нејзиниот претходен голем успех како прва придружничка на изборот за Мис Универзум.

Изборот за Мис на светот 2026 ќе се одржува од 9 август до 5 септември во Виетнам, а финалето е закажано за 5 септември.

Ова ќе биде 73. издание на Мис на светот. Иако изборот постои од 1951 година, оваа година се одбележуваат 75 години од основањето, поради паузите и поместувањата за време на пандемијата.


 
 
 

Comments


bottom of page