top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ДФРМ: Горјан Тозија во својата биографија вбројува големи успеси на македонската кинематографија

На 68-годишна возраст, утрово, по кратко боледување почина Горјан Тозија, поранешен директор на Агенцијата за филм (од 2017 до 2020 година).

„Она што Горјан Тозија го остави како наследство е тоа што македонската кинематографија успеа да се избори да биде прифатена рамо до рамо со сите европски кинематографии. Се бореше за филмскиот работник и за македонскиот филм како никој до сега”, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.

Тозија (1954 -2022) беше продуцент на домашни и странски филмови, а во својата кариера работел на повеќе од 50 филмски и ТВ проекти.

Тој беше поранешен државен секретар во министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, а беше и претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). „Во својата обемна професионална биографија вбројува големи успеси на македонската кинематографија“, рекоа од ДФРМ за својот колега и пријател.

Во 1993 година станува директор и на државниот продуцент „Вардар филм“, кога беа снимени филмовите „Пред дождот“ (1994) кој добива номинација за Оскар, „Ангели на отпад“(1995), „Преку езерото“(1997), „Џипси меџик“ (1997), a учествувал и во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ (1997) и „Добредојде во Сараево“ (1997).

Горјан Тозија беше продуцент и на филмовите: „Ослободувањето на Скопје“ (2016) „Трето полувреме“ (2012), „Ливада“ (1998), „Undercover“ (1991), „Sidney Sheldon’s Memories of Midnight“ (1991), „The Forgotten“ (1989), „A time of destiny“ (1988).

Во Кинотеката на Македонија на 14 јануари во 11 часот ќе биде одржана комеморативна средба.


0 views

Comments


bottom of page