Дурент со уникатен коментар го опиша Јокиќ: Тој не сака да биде ѕвезда (Фото)
Никола Јокиќ одигра историска партија во НБА лигата и направи нешто што никој го немаше направено на еден финален меч, односно стана првиот играч кој остварил над 30 поени, 20 скокови и 10 асистенции. Српскиот центар ја продолжува својата брилијантна сезона и го предводеше Денвер до предност од 2:1 во финалната серија, која секако изнудува и многу реакции во јавноста. Американските аналитичар се почесто застануваат на страната на Јокиќ и заклучуваат дека тој не ја добива потребната почит од јавноста, па поради ова со оригинален коментар се јави Кевин Дурент. Дурантула не штедеше комплименти за Јокиќ откако неговиот Феникс испадна од Денвер, а твитот кој подоцна го избриша стана вирален хит. – Мислам дека Јокиќ не ни сака да биде ѕвезда, ниту му е важно да стане тоа. Сака само да оди на работа, да се врати дома, да зборува со коњите преку „Фејстајм“ и да се фрли во базен, – порача Дурант за скромниот Јокиќ.
Comentários