top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дурент повторно е повреден, следи нова пауза

Кевин Дурент се врати на терените изминатиов период и беше одличен во трите партии во дресот на Феникс Санс, но пред мечот кој требаше да биде негово домашно деби му се случи пех и тој се повреди на загревањето.

Имено Кеј-Ди се лизна додека се подготвуваше за дуелот со Оклахома Сити Тандер по што мораше да го пропушти истиот. Тој има проблеми со зглобот на левата нога и според информациите кои доаѓаа од САД ќе биде во недостапен за „сонцата“ во наредните две-три недели.

Ова секако е удар за самиот играч кој никако да фати ритам во оваа кампања, но и за Феникс со оглед на тоа што дадоа доста кошаркари за да го добијат Дурент во разменаат со Бруклин.

Големаѕа ѕвезда во трите средби за составот од Аризана имаше просек од 26,7 поени, 7,3 скока и 3,7 асистенции.


2 views

Comments


bottom of page