Дуплантис по 42. пат прескокна шест метри
АТЛЕТИКА – СКОК СО СТАП
На митингот во Берлин, тој прескокна 6,06 метри и го освои првото место Олимпискиот, светски и европски шампион и наедно светски рекордер во скок со стап во височина, Швеѓанецот Арманд Дуплантис, по 42. пат успеа во својата богата кариера да прескокне шест метри, откако победи на атлетскиот собир во Берлин, Германија. На митингот тој прескокна 5,60 м, 5,82 м, 5,91 м и 6,06 м. За време на натпреварот тој се обиде да го собори и сопствениот светски рекорд, да прескокне 6,22 метри, но во сите три обиди ја урна летвичката. Светскиот рекорд од 6,21 метри Дуплантис го постави минатиот јули, во Јуџин (САД). Дуплантис во Берлин победи пред Ернест Џон Објен од Филипини и Австралиецот Кертис Маршал, кои прескокнаа по 5,82 метри. Швеѓанецот е вистински колекционер на медали. Во својата богата кариера тој е носител на злато од Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио 2020, Светското првенство (СП) за јуниори во сала во 2018 во Тампере, злато од европските првенства во Берлин 2021, во сала во Торуњ 2021, а бил и јуниорски европски првак во Гросето 2017 година. Г.И.
Comments