top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дуото „ДНК“ со нова песна – „Милион денови“

„Милион денови“ е насловот на новата песна на „ДНК“. Станува збор за одлична балада што и овој пат е со потписите на едната половина од двоецот – Панчо и Лазар Цветкоски, односно музиката е на Панчо и Лазар, текстот е на Панчо, а аранжманот на Лазар.

Видеото е работено под режисерската палка на Владимир Митревски-Ѓуле, фотографијата е на Кристијан Војдановски, а за продукцијата се погрижи „Фокус филм“.

Кадрите за видеото се снимени на повеќе локации во околината на Скопје, како и во хотелот „Аустриан палас“, а интересно е дека во нив, освен Панчо и Андреј се појавува и атрактивната сопственичка на студиото „Фигурела“, Наташа Петровска.

– По „Ако утре ме нема“ сакавме на публиката да ѝ понудиме нешто малку поразлично. Композиција што носи поинаква енергија, емоција и буди некои можеби малку меланхолични чувства – велат Панчо и Андреј.

„Милион денови“ ќе биде дел од новиот студиски материјал што е најавен во склоп на одбележувањето на убавиот јубилеј – 20 години ДНК, а ќе биде заокружен со голем солистички концерт закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски“.



1 view

Comments


bottom of page