top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дует за паметење: Селин Дион и Лејди Гага ќе ја изведат „La Vie en Rose“ на отворањето на Олимпијадата во Париз

26.07.2024 Juli Petok

Ако им се верува на француските медиуми, настапот на Селин Дион на отворањето на годинешните Олимписки игри е неспорен, а на сцената треба да ѝ се придружи Лејди Гага, со која ќе ја испее класиката на Едит Пјаф „La Vie en Rose“, објавија „Билборд“ и ТМЗ.Настапот на Селин Дион на отворањето на Олимписките игри, што ќе се одржи утре во Париз, веќе не е во прашање. Иако нема официјална потврда, веројатно за да се држи јавноста во неизвесност до самиот крај, француските медиуми дознаа повеќе нови детали.

Селин Дион не само што престојува во хотелот „Ројал Монсо“ во близина на Елисејските полиња, туку се познати и деталите за нејзиниот настап, кој ќе биде прв откако ѝ беше дијагностициран синдром на вкочанета личност, поради што ја прекина светската турнеја и се повлече во изолација.

Со Селин Дион, според пишувањето на францускиот новинар Тиери Моро на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, кој, како што вели, ќе носи креација потпишана од „Диор“, на сцената ќе биде и Лејди Гага, а двете музички диви треба да ја изведат класиката на Едит Пјаф „La Vie en Rose“.Лејди Гага престојува во истиот хотел со Селин, па двете дами имаат доволно време и простор да го вежбаат својот дует во тајност.

Како ќе изгледа самото свечено отворање не е познато, бидејќи сите детали се чуваат во најстрога тајност, за да не се пропушти елементот на изненадување и воодушевување. Единствено се знае дека ќе настапи француската пејачка Аја Накамура.

 

2 views

Comments


bottom of page