top of page

Дуа Липа ќе глуми во документарец

Дуа Липа ќе глуми во нова документарна серија на „Дизни плус“. Британската пејачка ќе биде една од познатите ѕвезди, кои се појавуваат во претстојната серија Camden („Кемдн“), во режија на наградуваниот Есиф Кападија. Проектот, кој се фокусира на влијанието на лондонскиот кварт Кемдн, исто така во центарот на вниманието ќе ги стави Крис Мартин од „Колдплеј“, Марк Ронсон, Бој Џорџ и бендот „Блек ајд пис“. Поединечните епизоди ќе ги водат Тоби Трекмен, Јеми Бамиро и корежисерката Сара Ламберт. Плановите за снимање на документарната серија беа објавени во средата за време на ТВ-фестивалот во Единбург, пренесува „Холивуд репортер“. Дуа е родена и израсната во Лондон, но нејзиното семејство потекнува од Балканот. Поп-ѕвездата претходно истакна дека потеклото е голем дел од нејзиниот идентитет.

ree

ree

 
 
 

Comments


bottom of page