Дру Баримор ја поддржува Бритни Спирс: „Таа е клучот за својата слобода“
Дру Баримор повика на милост и разбирање за правната битка на Бритни Спирс да воспостави контрола над својот живот по 13-годишниот конзерваторски надзор. „Намерно стоев настрана од оваа тема, но откако Бритни се огласи во јавност, сметам дека таа е клучот за нејзината слобода, рече поранешната детска sвезда, актерка и актуелен водител на ток-шоу во видеоинтервју за „Ентертејнмент тунајт.“ „Ова се однесува на неа и нејзиниот живот. Секој заслужува слобода да погреши или да постигне успех во својот живот. Тоа е животот”. Баримор додаде дека првично сакала да ја поддржи тивко низ искушението и да не зборува за тоа на Инстаграм или на други социјални мрежи, бидејќи моментот е премногу голем за тоа, иако на крајот почувствувала дека мора да се направи врева со цел да започнат промени. „Значи, без разлика дали станува збор за неа или за некој друг, сакам луѓето да ги имаат своите граѓански слободи, да имаат слобода да го живеат својот живот“, рече 46-годишната актерка која глумеше во „Чарлиевите ангели“, трите детективки со боречки вештини.
Comments