Дрско невистинити наводи: Харви Вајнстин ѝ одговори на Анџелина Џоли
- Aleksandar Santovski
- Sep 7, 2021
- 1 min read
Некогашниот холивудски магнат Харви Вајнстин ги нарече обвинувањата на Анџелина Џоли за наводен напад врз неа „безобразно невистинити“. Џоли во неодамнешно интервју изјави дека морала да избега од интеракција со озлогласениот продуцент, кој во моментов издржува 23-годишна затворска казна за сексуален напад и силување. По нејзиното интервју, Вајнстин даде изјава за „ТМЗ“ преку неговиот асистент во која тврди дека иако бил „заинтересиран“ за неа, никогаш не ја нападнал. Неговата изјава гласи: „Никогаш немало напад, ниту обид за напад.“ „Тоа е дрско невистинито и мамец за кликови. Вие сте Анџелина Џоли, сигурен сум дека секој маж и жена во светот покажува интерес за вас. Дали целиот свет ве напаѓа?” Вајнстин понатаму тврди дека наводите на Џоли се дел од маркетинг-тактика за продажба на повеќе примероци од нејзината претстојна книга „Знај ги своите права и барај ги: водич за млади“, која ја промовираше во времето на нејзиното ново интервју. Во него, таа говореше за наводна интеракција со Вајнстин и откри дека имала расправии со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит поради неговата соработката со продуцентот во текот на нивниот брак. Таа била разочарана и се чувствувала повредена откако сопругот се согласил да глуми во Inglourious Basterds (2009) во продукција на компанијата на Вајнстин.

Comments