top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дрејк се повлече од трката за „Греми“

07.12.2021 Dekemvri Vtornik

Канадискиот рапер Дрејк во понеделникот се повлече од трката за Греми-наградите отстранувајќи ги своите две номинации за највисоките музички почести, објавија светските медиуми цитирајќи извори блиски до музичарот. Дрејк (35) минатиот месец доби две номинации за „Греми“ во полето на рап-музиката – најдобар рап-албум за Certified Lover Boy и најдобра рап-изведба за Way 2 Sexy. Изворите рекоа дека барањето да се повлече од разгледување било поднесено од раперот и неговиот менаџерски тим, но не наведоа причини за потегот. Веб-страницата на Академијата за снимање беше ажурирана во понеделникот за да се отстранат номинациите на Дрејк од листата на „Греми“. Дрејк, чиј Certified Lover Boy беше еден од најпродаваните албуми во 2021 година, има спорен меѓусебен однос со „Греми“. Минатата година тој ги критикува за целосното исклучување на неговиот канадски колега Д Викенд од листата со номинации. Во 2019 година Дрејк одби да настапи на церемонијата, а потоа од бината го критикува доделувањето на наградите. „Сакам да ве известам дека играме во спорт заснован на мислење, а не спорт заснован на факти“, рече тој при прифаќањето на Греми-наградата за синглот God’s Plan. „Ова е бизнис во кој главниот збор го има една група луѓе, кои можеби не разбираат што има да каже млад човек од мешана раса од Канада или шпанска девојка од Њујорк или од кој било друг град“, рече Дрејк од бината. Номинациите за „Греми“ ги избираат членовите на Академијата за снимање и за нив гласаат членовите. Оваа година џез-музичарот Џон Батист предводи со 11 номинации, а зад него се Џастин Бибер, Доџа Кет и Х.Е.Р. Победниците ќе бидат објавени на церемонија во Лос Анџелес на 31 јануари.


2 views

Comments


bottom of page