top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Дремка за двајца“ нова книга на Братислав Димитров

18.10.2021 Oktomvri Ponedelnik

Промоција на новата книга на Братислав Димитров, „Дремка за двајца“ – избор од стари, но и многу нови колумни и раскази, кои ќе ве насмеат до солзи и ќе разбудат позитивни чувства и емоции, ќе се случи денеска напладне, во градската кафеана „Пелистер“, на плоштадот „Македонија“.

Димитров е дипломиран актер, со повеќе одиграни улоги на филм, телевизија и во театар, познат драматург и колумнист и има објавено повеќе книги.

Автор е на повеќе драмски текстови: „Глоговиот џбун“, „Револуционер“, „Бисери и свињи“, „Дас капитал“, „Лични огласи“, „Ноќите во бел сатен“…, монодрамата „Како најсините очи на сите времиња…“ и нова верзија на „Кутрите мали хрчки“ од Гордан Михиќ, како и детски пиеси. Сите драми се изведувани во Македонија, а некои и надвор од неа.

Неговите колумни се собрани во пет книги: „Малку блуз за твојата душа“, „Најважната работа на светот“, „Симни го малку небото за да се качам“, „Последните акорди на тишината“ и претпоследната „Рецепти за осаменост“.


2 views

Comments


bottom of page