Драмски театар на „Охридско лето“
21.07.2022 Juli Cetvrtok
Драмски театар – Скопје, со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“, учествува на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.
Претставата, работена според романот на Марк Хадон, својата премиера ја имаше на крајот на претходната година. Режијата е на Зоја Бузалковска, асистент на режијата е Димче Николовски, драматургијата е на Александра Бошковска, сценографијата на Константин Трпеноски, а асистент на сценографијата е Марија Мукоска. Костимографија е на Елена Вангеловска и Раде Василев, музиката е на Давид Ангелевски, кореографијата на Симон Симоновски, а 3Д мапинг-видеодизајн на Осама Алмугани.
Улогите ги толкуваат: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.
Comments