top of page

Драмски со „Се викам Горан Стефановски“ на фестивалот „Театар на крстопат“ во Ниш

Драмски театар Скопје, со претставата „Се викам Горан Стефановски“ (My Name Is Goran Stefanovski) во режија на Бранислав Миќуновиќ на 10 септември ќе гостува на 3. издание на фестивалот „Театар на крстопат“ во Ниш. Во натпреварувачкиот дел учествуваат шест претстави од земјите од Балканот. Народниот театар од Ниш го организира овој фестивал со цел да се афирмираат сличностите и разликите на културниот идентитет на театарската сцена во регионот.

Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во период од 1987 до 2021 година („Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“), а драматург е Бранислава Илиќ.

Улогите во претставата ги толкуваат Биљана Драгиќевиќ-Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов-Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска. Сценограф на претставата е Александар Дениќ, а автор на музиката Влатко Стефановски.


 
 
 

Comments


bottom of page