Search
Драмски со „Диши“ на меѓународен театарски фестивал во Сараево
Драмскиот театар Скопје со претставата „Диши“ ќе учествува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, кој се одржува во Сараево, Р Босна и Херцеговина од 20 до 27 јуни 2022 година.
Оваа претстава, која на програмата на фестивалот е на 22 јуни, е работена според текстот на Данкан Мекмилан, е во режија на Димче Николовски. Преводот на текстот е на Бојан Бошковски, сценографијата на Илија Николовски, а костимографијата на Раде Василев. Улогите ги толкуваат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.
Инаку, Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.
Comentarios