top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Драмската претстава „Драг Вардар“ во Домот на културата „Кочо Рацин“

Во Домот на културата „Кочо Рацин“- Скопје вечерва ќе биде изведена драмската претстава „Драг Вардар“.

Низ мотивската подлога на монодрамата се провлекуваат силни романтичарски нишки и егзистенцијалистички примеси кои избликнуваат од основата на човековата природа која тежнее кон вечноста, оградена од својата тленост која е одземена од фантомот.

Емануела Ковачевска Китановска виртуозно ја понесува суштината на улогата, ја восприма и ја предава во сета своја полифоничност, дарувајќи и на публиката едно метафизичко придвижување во меѓуслојот на сепостоечкото во себе, својот град и своето време, долу, крај брегот на Вардар.


1 view

Коментарі


bottom of page