Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
- Aleksandar Santovski
- Mar 20, 2023
- 1 min read
Ред Бул е неверојатно доминантен во однос на конкуренцијата на стартот на новата сезона во Формула 1, нешто во што можевме да се увериме на првите две трки во Бахреин и Саудиска Арабија. По победата на Макс Ферстапен на првата трка, втората му припадна на Серхио Перез кој беше најдобар и најконстантен во Џеда, па ова секако е најава и за битка меѓу тимските колеги кога е титулата во прашање. Перез вчера беше прв на речиси цела трка и го имаше најбрзиот круг до пред самиот крај, па иако Макс Ферстапен доби инструкции само да го одржи темпото и да не брка побрз круг, шампионот не го направи тоа. Макс извозе најбрзо во последниот круг и освои дополнителен бод, што направи тој да биде прв во генералниот пласман, а не неговиот тимски колега Чеко. Перез дозна за ова дури во собата за одмор, по што следеше тензична комуникација меѓу него и Макс за „украдениот“ најбрз круг. Перез: Направи најбрз круг на крајот? Макс: Да, при последниот круг Перез: Не ли ти беше кажано да го одржуваш ритамот? Макс: Да, ми беше на 33.0. Но, потоа прашав за најбрзиот круг и мислам дека бев за десетинка побрз.

ความคิดเห็น