Search
„Драма изгубена во времето“ пред кумановчани
„Драма изгубена во времето“ вчеравечер премиерно беше изведена на сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, а можносдт да ја гледаат имаа лекарите и медицинскиот персонал кој во изминатите година и половина е прв на браникот на јавното здравје на граѓаните на Куманово.
Се работи за драма од Сашко Насев по мотиви на „Темносино, речиси црно“ од Танасис Валтинос, а во режија на Владлен Александров.
Во претставата играат: Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ и актерка гостинка во видео Александра Пешевска.
Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите се на Кети Пауновска Стевковска, визуелизација на Емил Пачковски, режисер на видео: Никола Поповски, драматургија Симона Тоскиќ, кореографијата е на Тања Китановска Стојковска.
Comments