Search
Др. Дре, Снуп Дог и Еминем ќе настапат на полувремето на „Супербол“
Др. Дре, Снуп Дог и Еминем се меѓу ѕвездите што ќе настапат на посакуваното шоу на полувремето на „Супербол“ в година, потврди американската НФЛ. На нив ќе им се придружат Мери Џеј Блејџ и Кендрик Ламар во спектаклот, кој најверојатно ќе привлече десетици милиони гледачи. Ѕвездите, кои вкупно имаат 43 Греми-награди, ќе настапат заедно првпат во февруари 2022 година. „Ова ќе биде вовед во следната сага во мојата кариера“, напиша Др. Дре на „Инстаграм“. „Можноста да настапам на полувремето на Супербол ќе биде една од најголемите возбудувања во мојата кариера“, вели раперот и продуцент од Лос Анџелес.
Comments