ДПМ ќе ја одржи манифестацијата „Писателите за Скопје“
По повод 13 Ноември – Денот на Град Скопје, Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ќе ја одржи манифестацијата „Писателите за Скопје“, при што се повикуваат сите заинтересирани писатели да се пријават и да испратат по една своја литературна творба – песна, расказ, есеј или пиеса.
Како што соопштија од ДПМ, сите пристигнати прилози по читањето, ќе бидат објавени во посебно дигитално тематско издание на веб страницата на Друштвото.
Пријавите и прилозите се очекуваат до 10 ноември, на мејлот на Друштвото на писателите на Македонија – „drustvonapisatelimk@gmail.com“.
-Манифестацијата во ДДМ ќе се одржи на 11 октомври, во петок и на истата може да учествуваат и писатели кои не се членови на Друштвото на писателите на Македонија, но претходно треба да се пријават, да испратат своја литературна творба на нашиот мејл и повратно ќе добијат информација за направениот избор и вклучувањето во програмата за настап, се наведува во соопштението на ДПМ
Comments