top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дочек за олимпиецот Дејан Георгиевски утре на плоштад „Македонија“

Олимпиецот Дејан Георгиевски кој освои сребрен медал во теквондо на Летните олимписки игри во Токио утре ќе пристигне во земјава, а во негова чест ќе биде организиран свечен дочек на плоштадот „Македонија“ во Скопје во 19 и 30 часот, информира Македонската теквондо федерација.„Да го пречекаме олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски во Македонија. Утре (четврток) 29.7.2021 со почеток во 19:30 часот на плоштад веднаш до триумфалната порта ‘Македонија’ да го пречекаме нашиот јунак, нашиот херој, нашиот олимписки сребрен медалист Дејан Георгиевски. Ве очекуваме во што поголем број, плоштадот да ни биде тесен, да покажеме што значи ова момче за Македонија, да покажеме што значи Македонија“, велат од Македонската теквондо федерација.

Георгиевски им се заблагодари на сите за поддршката.

„Од срце ви благодарам за поддршката кон мене и мојот тим. Од Олимписките игри во Токио носам сребрен медал со златен сјај. Утре ве повикувам кај порта ‘Македонија’ во 19:30 часот на заедничка прослава на овој голем успех“, вели Георгиевски.


0 views

Comments


bottom of page