Search
Доскорешен голман на Ливерпул го „промовираше“ Салах како играч на Бетис
26.07.2024 juli Petok
Ливерпул ќе ја започне серијата подготвителни натпревари во САД со дуел против екипата на Бетис, а тоа донесе и интересна средба на голманот Адријан со доскорешните клупски колеги.
Адријан летово го напушти „Енфилд“ и се пресели во редовите на Бетис, па во пресрет на натпреварот имал средба со членовите на „црвените“, меѓу кои и Мохамед Салах.
За да биде поинтересно, Адријан му подарил дрес на Бетис на Салах и тоа со неговото презиме на него, а шпанскиот клуб ја објави фотографијата на социјалните мрежи, предизвикувајќи многу реакции.
Салах изминатиот период беше поврзуван со трансфер во Саудиска Арабија, но летово барем досега нема шпекулации дека ќе го напушти Ливерпул.
Yorumlar