top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дончиќ не постигна поен две четвртини, но ги развесели фановите со луда тројка

05.04.2024 April Petok

Лука Дончиќ игра одлична сезона во дресот на Далас и има просечни 33,8 по натпревар, па не е изненадување што фановите беа шокирани од неговата статистика по крајот на првото полувреме против Атланта.

Словенецот немаше ниту еден поен пo првата четвртина во која набрзина заработи две лични грешки и одигра само шест минути, а во истите имаше пет промашувања и ниту една реализација.

Затоа, Дончиќ се врати во вистинско светло во вториот период, во кој постигна дури 16 поени, за до крајот да реализира вкупно 25. Интересно е што Лука не успеа да постигне поени ниту во последниот период, во кој одигра 11 минути, а не погоди ниту еднаш од шест обиди.

Фановите на Далас нема да му замерат на Дончиќ за слабите две четвртини, посебно што успеа да изнуди насмевки на нивните лица со тројката постигната пред крајот на полувремето, а која беше одобрена и од Дирк Новицки.


0 views

Comments


bottom of page