„Дончиќ заслужува да биде МВП, се надевам дека ќе ја освои наградата“
- Aleksandar Santovski
- 3 days ago
- 1 min read
31.03.2026 Mart Vtornik
Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Џеј Џеј Редик, изјави дека за него Лука Дончиќ е најкорисниот играч (МВП) во НБА лигата.
Иако Дончиќ пропушти еден натпревар поради суспензија, неговото влијание врз тимот е огромно. Лејкерс продолжуваат со добри резултати, а словенечкиот ас е главниот двигател на нивната игра.„Ако продолжиме да играме вака, тој мора да ја освои наградата. За мене, тој е МВП, се надевам дека ќе има поголеми шанси да го добие признанието“, изјави Редик.
Дончиќ оваа сезона бележи импресивни бројки, со просек од над 33 поени по натпревар, а во последниот период игра во неверојатна форма, што дополнително ги зацврстува неговите шанси во трката за престижното признание.
Лејкерс имаат одличен биланс во последните месеци и се меѓу водечките екипи во западната конференција, а токму Дончиќ е клучната фигура зад тие успеси.
Доколку ја задржи оваа форма до крајот на сезоната, словенечкиот кошаркар би можел влезе во посериозна трка за престижното признание, но во моментов, за такво нешто му се даваат многу помали шанси во однос на конкуренцијата составена од Виктор Вембањама, Никола Јокиќ и Шеј Гилџес-Александер.






Comments