Дончиќ добива специјален соиграч во Далас: Пеколниот тандем од Реал ќе игра заедно во НБА
- Aleksandar Santovski
- Oct 13, 2022
- 1 min read
Епизодата на Факундо Кампацо во НБА лигата нема да заврши така брзо, бидејќи по етапата која ја имаше во Денвер Нагетс, сега си договорил втора во редовите на Далас. Аргентинскиот кошаркаски магионичар своите најобри партии ги прикажа во Реал Мадрид и репрезентацијата и тоа беше добар предуслов да се испроба во НБА лигата, каде сега добива и втора шанса. Интересно е тоа што Кампацо се сели во редовите на Маверикс, каде ќе ужива во привилегијата да игра со соиграчот со кој сочинуваше пеколен тандем во Реал. Патиштата на Кампацо и Лука Дончиќ повторно се вкрстуваат и надвор од Европа, па навистина ќе биде возбудливо да се види како Факундо ќе се вклопи во ростерот на Далас. Според последните информации, Кампацо има закажан лет од Аргентина за Америка оваа сабота, по што ќе стави потпис на 12-месечен договор со Маверикси.

Comentários