Дончиќ втор меч остана под „границата 30“, Далас повторно загуби (Видео)
- Aleksandar Santovski
- Nov 11, 2022
- 1 min read
Лука Дончиќ стана само вториот играч во историјата на НБА лигата кои ги отворил првите девет меча со најмалку 30 поени на еден натпревар, но по оваа феноменална низа, следеа два меча на кои Далас не оствари победа.
Тоа се случи поради фактот што маестро Лука остана „под границата 30“, односно беше далеку под неверојатниот просек кој го наметна во првите девет средби.
По поразот од Орландо, Далас рано утрово загуби и од Вашингтон, меч на кој Дончиќ немаше своја вечер, често промашуваше и го заврши истиот со 22 поени зад своето име.
Во такви услови, Маверикси го запишаа вториот пораз во серија во НБА лигата, бидејќи Вашингтон славеше со 113:105 во натпревар во кој се издвои Кузма со 36 постигнати поени.
Поддршка му беше Хачимура кој уфрли 23, додека во Далас најефикасен беше Динвиди со 33 поени.

НБА резултати:
Вашингтон – Далас 113:105 Атланта – Филаделфија 104:95 Мајами – Шарлот 117:112 (по продолжение) Њу Орлеанс – Портланд 95:106
Comments