top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дони Јен се здружува со Киану Ривс за „Џон Вик 4“

04.06.2021 Juni Petok

Акционата sвезда од Хонгконг, Дони Јен, ќе му се придружи на Киану Ривс во претстојното четврто продолжение на „Џон Вик“, објави „Дедлајн“. Филмската франшиза почна кога поранешен платен убиец тргна во потера по насилниците кои упаднаа во неговиот дом, му го украдоа неговиот винтиџ автомобил и го убија неговото сакано куче. Во продолженијата објавени во 2017 и 2019 година, Џон е во бегство откако водачот на бандата ќе постави награда за неговата глава. Иако приказната за „Џон Вик 4“ е сè уште мистерија, наводно, Дони (57) ќе глуми стар пријател на титуларниот атентатор (Киану), а дуото ја дели истата историја и непријатели. Филмот наскоро треба да започне со продукција. Ќе се снима на локации во Франција, Германија и Јапонија.


2 views

Comments


bottom of page