top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Донесена официјална одлука: Вимблдон оваа година без руски и белоруски тенисери

Она што веќе извесен период се шпекулираше, во текот на денешниот ден доби и официјална потврда- на Вимблдон 2022 година право на настап нема да добијат руските и белоруските тенисери. Оваа вест официјално беше потврдена на веб-страната на најпрестижното тениско натпреварување во светот. – Во име на Ол Ингланд клубот и организацијата на натпреварувањето, сакаме да искажеме силна поддршка на оние кои се погодени во немирите во Украина. – Ја делиме универзланта осуда за акциите на Русија и многу внимателно го разгледавме влијанието на оваа ситуација кон играчите, јавноста и спортот воопшто. Исто така ги зедовме предвид препораките на владата на Обединетото кралство. – Наша должност е во складот со нашите можности да придонесеме во напорите на владата, индустријата и спортот во ограничување на руското глобално влијание. – Имајќи го тоа предвид, со длабоко жалење донесовме одлука да не дозволиме настап на руските и белоруските спортисти на Вимблдон 2022, -гласеше во официјалното соопштение на Вимблдон. 12 руски и белоруски тенисери нема да добијат можност да играат на неофицијалното тениско светско првенство кое започнува на 27 јуни. Најпогоден од оваа одлука ќе биде Данил Медведев кој во моментов е втор светски тенисер на АТП листата.


2 views

コメント


bottom of page