Донарума му подари гол на Монако, ПСЖ „испука петарда“ на „Паркот на принцовите“
Фудбалерите на Пари Сен Жермен остварија убедлива победа над Монако од 5-2 во дерби средбата од 13. коло во првата лига на Франција.
Соочувањето на „Паркот на принцовите“ донесе многу возбудувања, седум гола и славје на „светците“ кои со вкупно 30 бода се на лидерската позиција на табелата.
Рамош во 18 минута донесе предност на ПСЖ, предност која кратко траеше затоа што по киксот на Донарума во 22 минута, некогашниот играч на Ливерпул, Минамино израмни на 1-1.
Сепак до крајот на првиот дел домаќините преку Мбапе се стекнаа со нова предност, позитива која во вториот дел продолжи да расте со головите на Витиња и Дембеле.
Балагун во 75 донесе надеж за гостите дека можат нешто да направата за да во 96 минута Коло Муани го постави конечниот резултат.
Comments