top of page

Донарума за заминувањето од Милан: Никој не ја гледа другата страна, мене ми се јавија…

09.02.2022 Februari Sreda

Џанлуиџи Донарума од оваа сезона е дел од Пари Сен Жермен, клубот во кој пристигна откако ја заврши приказната со Милан.

„Росонерите“ долго време се обидуваа да пронајдат заеднички јазик со голманот и агентот Мино Раиола, меѓутоа барањата беа превисоки и поради тоа клубот одлучи да сврти друг лист и да ангажира ново име и тоа Мајк Мењан од Лил.

Оваа приказна, разделба дефинитивно донесе гнев кај навивачите на Донарума во кого многу веруваа сметаа дека може да биде капитен, легенда како славните Паоло Малдини, Франко Барези, но се случи обратното и останува времето да покаже дали ќе му го простат потегот, заминувањето.

Околу оваа тема Донарума не сакаше да зборува за да сега преку „Газета Дело Спорт“ порача дека приказната има и друга страна.

-По толку години, не беше лесно да се разделиме со клуб како Милан. Таму пораснав како фудбалер и човек. Можам само да му се заблагодарам на клубот за се што направи за мене. И навивачите секогаш се однесуваа добро со мене. Таму секогаш се чувствував како дома. Но, знаете како се одвиваа работите тогаш… Можеби денес сите ме обвинуваат мене, а никој не ја гледа другата страна. Само ќе кажам дека последниот телефонски повик од клубот беше да ме известат дека ангажирале нов голман. И така се заврши, -рече Донарума кој понатаму ги прати „црвено-црните“ како и неговата земена Мењан.

-Како фан, страсно следам што се случува. Често се слушам со поранешни соиграчи и тренерот Пиоли. Среќен сум што на Милан му оди добро. Се надевам дека ќе издржи докрај. Го следев дербито против Интер и уживав во победата.

-Внимателно го следам Мењан и досега ми остави многу добар впечаток. Му честитам за се што направи досега и колку му помогна на Милан. Среќен сум за него и за сите други момци во тимот, -истакна италијанскиот репрезентативец.


 
 
 

Comments


bottom of page