top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Домот на културата во Кисела Вода именуван по Билјана Беличанец

Домот на културата во општина Кисела Вода во иднина ќе го носи името на актерката и поранешната градоначалничка на оваа скопска општина Билјана Беличанец.

„Општина Кисела Вода, градоначалник, ми го стопливте срцето“, напиша на својот фејсбук профил актерот Рубенс Муратовски кој ја објави веста

Билјана Беличанец беше македонска театарска, телевизиска и филска актерка. Во својата кариера имаше реализирани бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти. На градоначалничката позиција во општина Кисела Вода беше во периодот од 2013 до 2017 година.

Две години по завршување на мандатот, во 2019 година беше пронајдена почината во својот стан. Според информацијата на полицијата, стануваше збор за самоубиство.


1 view

Comments


bottom of page