Домот на кралицата и принцот Филип на Малта ќе стане музеј
19.04.2021 April Ponedelnik
Британска кралица Елизабета и нејзиниот сопруг Филип живееле во вилата „Гвардаменџија“ во Валета две години по венчавката. Тоа бил еден од нивните први брачни домови и место каде што тогашната принцеза и поморскиот офицер можеле да живеат релативно нормален живот како сопруг и сопруга, пред ненадејната смрт на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, да ги смени нивните животи засекогаш. Сега, како што најавија властите на оваа островска држава, вилата „Гвардаменџија“ во Валета, главниот град на Малта, ќе се трансформира во музеј. Двојката живеела во Валета две години, меѓу 1949 и 1951 година. Изградена во 18 век, во стилот на летна палата, вилата „Гвардаменџија“ им била позајмена на сопружниците од саканиот вујко на Филип, лордот Луис Монтбатен, кој ја изнајмил од семејството Шембри.
Оваа куќа наводно чува многу среќни спомени за двојката, која подоцна во животот со задоволство се присетувала на безгрижните денови поминати таму. Кралицата, тогашна принцеза, била морнаричка сопруга, купувала во нејзиниот „морис“ и патувала со брод околу архипелагот, а нејзиниот сопруг работел напорно во морнарицата, една од неговите големи радости и кариера што ја прекина пред крунисувањето на неговата сопруга за кралица. Планираниот проект за реставрација на куќата, која веќе почна да се распаѓа, го надгледува Владата на Малта, која го купи имотот со вила со 18 спални минатото лето.
Comments